Warning: This information may not apply to the current year. Check the content carefully to ensure it is applicable to your circumstances.
Даночниот Комесар Michael D'Ascenzo сега ги потсетува 12.4 милиони даночни обврзици во Австралија дека е време да започнат со доставувањето на нивните даночни пријави.
"Даночната Служба на Аавстралија (ATO) е обврзана брзо и лесно да го направи поднесувањето на даночните пријави. Оваа година, поголемиот број на даночни обрзници во Австралија кои очекуваат повраќај на данок и ја поднесат даночната пријава електронски, ќе ги имаат парите во рок од 12 работни дена или побрзо," рече г-динот D'Ascenzo.
"Ако самите ја подготвувате даночната пријава, најбрз, најлесен и најприкладен начин е да ја приложите преку интернет користејќи го e-tax, бесплатната услуга за поднесување на даночни пријави на ATO."
"E-tax содржи компоненти за проверка и пресметување за да ви овозможи да поднесете точни податоци, а исто така може да ја зачувате пријавата во секоја фаза и да се навратите подоцна за да ја завршите. Кога ќе завршите, e-tax ќе ви потврди дека успешно сте ја поднеле даночната пријава и ќе ви пресмета приближен износ на повраќај на данокот или износот кој го должите. Најдоброто од се е што ова е бесплатно."
"Ако самите ја подготвувате вашата даночна пријава, запомнете рокот е до 31 Октомври за да ја комплетирате и поднесете пријавата," рече г-динот D'Ascenzo.
Ако немате пристап до компјутер, сите отворени канцеларии на ATO располагаат со компјутерски терминали достапни од 1 Јули 2012 за даночните обврзници за да ги поднесат нивните даночни пријави користејќи e-tax. Користењето на e-tax терминалите во отворените канцеларии на ATO треба однапред да се закаже кое може да се направи ако се јавите на 13 28 61.
Ако прв пат користите регистриран даночен агент или друг даночен агент за разлика од минатата година, треба да ги контактирате најдоцна до 31 Октомври 2012.
Најдобро е да ги контактирате порано зашто во ова време тие ќе бидат многу зафатени.
Список на сите регистрирани даночни агенти ќе најдете на интернет страницата на Tax Practitioners Board на www.tpb.gov.au.
Оваа година даночниот образец, TaxPack, е заменет со нови, подобрени упатства, Individual Tax Return Instructions 2012. Информации за поневообичаени или посложени околности ќе најдете на нашата интернет страница. Примерок од новите упатства Individual Tax Return Instructions 2012 ќе најдете во повеќето продавници за весници и во канцелариите на ATO. Упатствата може да се порачаат од интернет страницата: ato.gov.au/publications или ако се јавите на нашата служба за публикации на 1300 720 092.
Појдете на www.ato.gov.au/otherlanguages за повеќе информации за данокот на 25 јазици.
28 Jуни 2012
Last Modified: Wednesday, 18 July 2012