• Австралиската даночна служба предупредува: нови лажни електронски пораки носат вирус

    Даночниот началник Мајкл Д'Асенцо ја предупреди заедницата да бидe претпазливa во однос на една особено лоша лажна електронска порака во која се тврди дека нуди враќање на пари од Австралиската даночна служба.

    ,Оваа нова измама која се претставува дека е наводно од Австралиската даночна служба содржи вирус кој се наоѓа во прилогот кон пораката", рече господин Д'Асенцо.

    Таа електронска пратка содржи порака во еден компресиран документ што се вика ,Restore your account" и ве прашува за лични поединости и поединости за кредитната или платежната картичка за да може Австралиската даночна служба да ви врати пари.

    Австралиската даночна служба никогаш не праќа пораки кои од луѓето бараат да ги дадат своите лични информации или поединостите за своите кредитни картички", рече господин Д'Асенцо.

    Секоја електронска порака што бара лични поединости или поединости за кредитна или платежна картичка за да може да ви бидат исплатени пари вратени од данокот е измама."

    Други измами што и се пријавени на Австралиската даночна служба вклучуваат барање од луѓето да ги дадат своите финансиски или лични поединости по телефон, преку електронска пошта или лично.

    Господин Д'Асенцо ја поттикна јавноста да биде будна и да го пријави измамничкото однесување од ваков и од друг вид.

    ,Ги советуваме луѓето интернет услугите на Австралиската даночна служба секогаш да ги користат така што ќе го посетат www.ato.gov.au. Ако се придржуваат кон таа практика, луѓето може да бидат сигурни дека се приклучуваат на вистинското место на интернет на Австралиската даночна служба.

    Како дополнителна мерка на претпазливост препорачуваме луѓето да ги пишуваат интернет адресите директно во својот интернет пребарувач место да ги одбираат врските вметнати во електронски пораки или прилози кон електронски пораки", рече господин Д'Асенцо.

    Местото на интернет на Австралиската даночна служба содржи информации за оваа и други скорешни измами и примери за измами што и се пријавени на Австралиската даночна служба.

    Поединците може во доверливост да и го пријават на Австралиската даночна служба сомнителното однесување и да телефонираат на 1800 060 062 во текот на работното време. Сомнителните електронски пораки што сте ги добиле без ваше барање а во кои се тврди дека се од Австралиската даночна служба може да ги препратите на ReportEmailFraud@ato.gov.au.

      Last modified: 25 Feb 2011QC 24005