• Програми за работнички акции - информации за работниците

    Промените во оданочувањето на акциите и правата стекнати со програмите за работнички акции (Еmployee Share Schemes - ESS) беа најавени во Буџетот за 2009-2010 година, а прераснаа во закон на 14 декември 2009 г.

    ESS е програма според која се дава работнички финансиски удел во некоја компанија како што се акции, обврзници, права на акции или права на обврзници на работник или соучесник на работникот врз основа на нивниот работен однос.

    Овие промени важат за работничкиот финансиски удел што сте го стекнале на 1 јули 2009 г. и понатаму. Тие исто така ќе важат и за некои акции, обврзници, права на акции или права на обврзници што сте ги стекнале пред тој датум.

    Какви се промените?

    Според претходниот закон, работниците што стекнале акции или право врз основа на програма за работнички акции се оценуваа според попустот во годината во која ги стекнале акциите или правото. Износот на попустот беше пазарната вредност на акциите или на правата во мигот на стекнувањето, откако од тој износ се одбиваше целата сума што ја платиле за да ги стекнат. Меѓутоа, кога акцијата или правото задоволуваа одредени услови, наместо тоа можеа да се добијат следните попусти:

    • работникот можеше да го одложи плаќањето на данокот на попустот најмногу до 10 години, или
    • работникот можеше да одбере однапред да го плати данокот на попустот, и
    • кога работникот ќе направеше таков избор и кога работничкиот финансиски удел задоволуваше одредени натамошни услови, само попустот што надминуваше $1.000 требаше да се вклучи во приходот што се оценува ($1.000 однапред пресметан даночен попуст).

    Според новиот закон, оданочувањето на работничкиот финансиски удел не зависи од изборот што го направил работникот. Составот на програмата и околностите на работникот се основата врз која се одредува дали работникот ќе го плаќа данокот однапред или плаќањето на данокот ке биде одложено.

    Програма за работнички акции која данокот се плаќа однапред

    Општо земено, разликата меѓу пазарната вредност на работничкиот финансиски удел и она што работникот го платил за финансискиот удел е износот што ќе биде однапред оданочен.

    $1.000 однапред пресметан даночен попуст

    Однапред пресметаниот даночен попуст во износ од $1.000 и натаму ќе биде расположив за работниците што добиле работнички финансиски удел според програма за работнички акции кога работникот и програмата задоволуваат одредени услови. Меѓутоа, приходот на работникот што подлежи на оданочување (по порамнувањето) сега мора да изнесува $180.000 или помалку.

    Во приход на работникот за потребите на оваа проверка на приходот спаѓаат:

    • приходот што подлежи на оданочување за една година приход (при што не се зема предвид износот одбиен од приходот поради однапред пресметаниот даночен попуст во износ од $1.000)
    • дополнителните приходи од вработувањето во текот на една година приход што треба да се пријават
    • придонесите во пензиски фонд во текот на една година приход што треба да се пријават
    • вкупната чиста загуба од инвестиции во текот на една финациска година.

    Кога се задоволени овие услови, во приходот на работникот што подлежи на оценување се вклучува само оној дел од попустот што е над $1.000 вредност.

    Програма за работнички акции која плќањето на данокот ке биде одложено

    Програмата за работнички акции ќе биде програма со одложено плаќање на данокот кога таа програма е составена така што:

    • работничкиот финансиски удел што го добива работникот постои ризик на губиток, или
    • работничкиот финансиски удел е стекнат според договор за одвојување на дел од платата а работникот не добива акции повредни од $5.000 според договорот за одвојување на дел од платата која ја нуди работодателот (или претпријатие на работодателот) е во една финанциска година.

    Исто така мора да се задоволат и некои други услови. Работниците што стекнуваат работнички финансиски удел според програма за одложено плаќање на данокот се оценуваат во финанцистакта годината кога настпува рокот за плаќањето на данокот. Најдолгиот рок за одложување изнесува седум години од времето кога работникот стекнал работнички финансиски удел. Износот што се оценува е пазарната вредност на работничкиот финансиски удел на датумот кога настапува рокот за плаќање на данокот, откако од него претходно се одбива основната вредност на работничкиот финансиски удел.

    Што се случува со акциите или правата што сте ги стекнале пред 1 јули 2009 г.?

    Новиот закон ќе важи за акциите или правата што ги исполнуваат условите а што сте ги стекнале според програма за работнички акции пред 1 јули 2009 г. ако:

    • не сте одбрале да го платите данокот однапред, и
    • важноста на акциите или на правото не истекла на или пред 1 јули 2009 г.

    Новиот закон води сметка за претходниот закон. На пример, кога го пресметувате рокот за плаќање на одложениот данок, времето на истекување на важноста го пресметувате според претходниот закон.

    Износот што го вклучувате во вашиот приход што подлежи на данок ќе се пресметува според новиот закон. Тој износ ќе биде пазарната вредност на акциите или правата на датумот кога настапува одложениот рок за плаќање на данокот од кој претходно е одбиена основната вредност на работничкиот удел. Стариот закон ќе продолжи да важи за aкциите или правата што не подлежат на новиот закон.

    Извештај од работодателот

    Според новиот закон, работодателите сега мораат да доставуваат извештај до вас и до Управа за приходи. Тие извештај ќе содржат информации што ќе ви помогнат да ја пополните вашиот даночен извештај. Во даночниот извештај сега има нов дел за програмите за работнички акции. Тој дел ќе го пополните кога ќе треба да го внесете износот на попустот за таа финанциска година.

    Одбивање на данок

    Данок ќе ви биде одбиено ако добиете работнички финансиски удел по намалени цени на 1 јули 2009 г. и понатаму а не сте му го кажале вашиот даночен број (Тax File Number - TFN) или вашиот Австралиски регистарски број на фирма (Australian business number - ABN) на вашиот работодател до крајот на односната финанциска година. Ако одлучите да не му го дадете на вашиот работодател вашиот даночен број или регистарски број на фирма, данокот ќе ви биде одбиено.

    Каде може да се обратите за повеќе информации?

    Ако ви требаат повеќе информации, можете:

    • ако сте работник, да телефонирате на 13 28 61 или да зборувате со вашиот советник
    • ако сте даночен агент, да телефонирате на 13 72 86 и да ја употребите лозинката за брзо поврзување 2121.

    Ако не зборувате добро англиски јазик а сакате да разговарате со даночен службеник, телефонирајте во Преведувачката служба (Translating and Interpreting Service) на 13 14 50 за да ви помогнат да се јавите.

    Ако имате оштетен слух или говор, а имате пристап до соодветна опрема за пишување по телефон (TTY) или до модем, телефонирајте на 13 36 77. Ако немате пристап до опрема за пишување по телефон или до модем, телефонирајте во Службата за говорно поврзување (Speech to Speech Relay Service) на 1300 555 727.

      Last modified: 28 Jun 2010QC 24032