Show download pdf controls
  • Дали имате тешкотии да го платите данокот?

    Што треба да знаете ако должите данок или имате тешкотии да го платите навреме.

    Што да правите ако имате тешкотии да го платите данокот навреме

    Владата наплаќа данок за да може да и ги обезбедува на заедницата услугите што таа ги очекува. Повеќето луѓе се обидуваат да постапуваат правилно и да го платат нивниот данок, меѓутоа ние разбираме дека понекогаш тоа може да биде тешко.

    Ако должите данок или ако ви е тешко да го платите навреме, важно е навремено да не контактирате. Ние ќе ви помогнеме заедно да го решиме проблемот.

    Многу даночни обврзници го преувеличуваат проблемот. Сме утврдиле дека повеќето даночни долгови и долгови во врска со придонеси во пензиски фонд може брзо да се решат. Постојат начини на кои можеме да ви помогнеме да ја нормализирате ситуацијата и да го исплатите вашиот долг колку што е можно побрзо.

    Attention

    Ако не го плаќате данокот навреме, се акумулира наплата на општа камата на неисплатен данок (general interest charge - GIC) од рокот на наплата на данокот додека износот не се плати во целост. Наплатата на општа камата на неисплатен данок (GIC) е камата што се наплаќа на вашиот даночен долг кога доцните со исплатата.

    End of attention

    Важно е да поднесете даночна пријава дури и ако не можете да го платите данокот

    Треба навреме да ги поднесувате вашите изводи за деловна дејност и даночни пријави, дури и ако не сте во состојба да платите до датумот одреден за тоа.

    Ако не ги поднесувате изводите за деловна дејност и даночните пријави навреме, може да ви добиете парична казна.

    Ако не сте во состојба навреме да ги поднесете изводите за деловна дејност и даночните пријави , контактирајте не навремено и ако можеме ќе ви го одложиме рокот за поднесување.

    Further Information

    Контактирајте не меѓу 8.00 ч. наутро и 6.00 ч. попладне, од понеделник до петок:

    • n за бизниси на - 13 28 66
    • n за приватни лица на - 13 28 61.
    End of further information

    Ако не го зборувате англискиот јазик добро и ви треба помош од Даночната управа, телефонирајте во Службата за писмено и усмено преведување на 13 14 50.

    Организирање на исплатата

    Ако не можете да го платите целиот долг, добар начин за да го исплатите даночниот долг е да се организира исплата на рати.

    Кога ке не контактирате за да побарате аранжман за исплата на рати, ќе треба да го имате вашиот даночен број или австралиски регистарски број на фирма. Ќе разговараме за вашита лична ситуациа и заедно со вас ќе се договориме разумно за аранжман за да може да го исполните договорот, и да биде соодветно за двете странки.

    Further Information

    Можете да нe контактирате на 13 11 42 меѓу 8.00 ч. наутро и 6.00 ч. попладне, од понеделник до петок, за да разговараме за вашиот даночен долг или да побарате аранжман за исплаќањето.

    End of further information

    Ако не го зборувате англискиот јазик добро и ви треба помош од Даночната управа, телефонирајте во Службата за писмено и усмено преведување на 13 14 50.

    Attention

    И ако имате аранжман за исплаќањето за вашите долгови, се уште ќе се акумулира GIC каматата на неплатениот долг почнувајќи од оригиналниот рок на исплата.

    End of attention

    Како да платите

    Можете да платите данок на еден од следните начини:

    • Со BPAY® - Плаќате ни директно од вашата чековна или штедна сметка преку телефон или интернет, употребувајки услугите за плаќање на вашата банка или финансиска институција.
    • Со кредитна картичка - користете ја вашата важечка Visa, MasterCard или American Express картичка за да платите преку државната Интернет странициа за лесно плаќање (Government EasyPay website) или контактирајте не на 1300 898 089 за да платите преку државната телефонска служба за лесно плаќање (Government EasyPay telephone service).
    • Со директно уплаќање - префрлете ни ја вашата исплата преку Интернет од вашата чековна или штедна сметка.
    • Со директно одбивање - организирајте исплатата автоматски да се одзема од вашата чековна или штедна сметка.
    • Преку пошта - испратете ни ги преку пошта вашата потврда за исплата заедно со чек или налог за плаќање.
    • Преку Australia Post - може да платете во пари (до 3,000 долари), со чек или преку EFTPOS во вашата пошта (тоа подлежи на дневни ограничувања). Мора да ја прикажете потврдата за исплата со вашата исплата.
    Further Information

    Посетете ги Интернет страниците www.ato.gov.au/howtopay за повеќе информации на англиски јазик.

    End of further information

    Како да избегнете од неплатени долгови во иднина

    Нашите истражувања и искуство покажуваат дека постојат многу работи што можете да ги направите за да избегнете да имате долгови.

    Следете ги нашите едноставни практични совети.

    • Запознајте се со вашите даночни обврски и штедете пари за данокот што треба да го платите.
    • Зачувајте пари настрана од капитална добивка кога продавате имот, на пример, недвижен имот или акции.
    • Ако земате данок за стоки и услуги (GST), секогаш чувајте го на посебна сметка.
    • Редовно обновувајте ја евиденцијата за вашето финансиско работење (најмалку еднаш месечно).

    Ве поттикнуваме да не контактирате ако имате било какви прашања во врска со вашата даноча обврска. Исто така, за совет можете да посетите советник за финансиски работи или книговодител.

    Further Information

    Можете да добиете бесплатни совети од советници за финансиски работи низ цела Австралија кои ги финансира владата. Австралиското здружение за финансиски совети и реформи на кредити (Australian Financial Counselling and Credit Reform Association) може да ве упати во локалната советодавна агенција. За повеќе информации на англиски јазик, посетете ги Интернет страниците www.afccra.org.

    End of further information

    Помош за приватни лица

    Можете да ja посетите нашитa Интернет страница на www.ato.gov.au за да добиете информации, вклучувајќи избор на инструменти и услуги, кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете и исполнувате вашите даночни обврски.

    • www.ato.gov.au/calculators- проценете дали ни должите пари за оваа финансиска година користејќи ги нашите дигитрони за пресметување на данок.

    Помош за мали бизниси

    Нудиме бесплатна, доверлива и практична услуга за поддршка наменета да продолжете да го водите бизнисот или да ви помогнеме да го нормализирате. Ви овозможува да користите искусни даночни службеници кои можат да ги одговорат вашите прашања и да ви помогнат да ги контролирате вашите даночни грижи.

    Повеќето бизниси не контактираат за да добијат помош во врска со тоа како:

    • да водат евиденција и да ги вршат административните работи
    • навреме да поднесуваат точни изводи за деловна дејност
    • да ги исполнуваат обврските како работодавци (задржување на износи од

    исплатите на вработените според системот 'Плати како што добиваш', гарантирани влогови во пензиски фонд и данок на додатни бенефиции дадени од работодавецот).

    Во дополнение на поддршка преку телефон, нудиме лични посети и локални семинари и работни сесии на англиски јазик и на други јазици. Лично ќе ве посетиме на место по ваш избор. Сите информации кои ќе ни ги дадете во текот на личната посета се чуваат целосно во доверливост. Нашиот фокус е да ви помогнеме да го контролирате вашиот данок, а не да бараме докази за да извршиме проверки.

    За да закажете бесплатна лична посета:

    • користете го формуларот за резревирање на посети преку Интернет на www.ato.gov.au/assistancevisit
    • или контактирајте не на 13 28 66 меѓу 8.00 ч. наутро и 6.00 ч. попладне, од понеделник до петок.

    Ако не го зборувате англискиот јазик добро и ви треба помош од Даночната управа, обидете се во Службата за писмено и усмено преведување на 13 14 50.

    Ние исто така организираме различни бесплатни семинари и работни сесии за основните даночни работи, водење евиденција и обврските на работодавците.

    За да се пријавите за семинар

    • испратете порака преку електронска пошта до diversity@ato.gov.au
    • посетете ja Интернет страницata www.ato.gov.au/seminars
    • или контактирајте не на 1300 661 104 меѓу 8.00 ч. наутро и 6.00 ч. попладне, од понеделник до петок.

    Ако не го зборувате англискиот јазик добро и ви треба помош од Даночната управа, телефонирајте во Службата за писмено и усмено преведување на 13 14 50.

    Further Information

    Посетете ja Интернет страницata www.ato.gov.au/businesses за да можете лесно да најдете различни публикации, инструменти и подршка за мали бизниси.

    End of further information

    Можете да комуницирате со нас преку Интернет користејќи го нашиот Деловен портал (Business Portal). Тој е безбеден и лесно се користи со упатства чекор по чекор. Можете да го поднесете вашиот извод за деловна дејност преку Интернет и да имате пристап до салдото на вашата тековна сметка, вклучувајќи ги сите парични казни и наплати на општа камата за неисплатен данок (GIC).

    Further Information

    Посетете ја Интернет страницата www.ato.gov.au за да се регистрирате за Деловниот портал.

    End of further information

    Сериозни тешкотии

    Сериозни тешкотии постојат кога заради исплатата на долгот повеќе не сте во состојба да обезбедете храна, престој, облека, лекување, образование или други неопходни работи за вас, вашето семејство или други лица кои зависат од вас.

    Ако имате сериозни тешкотии, можете да поднесете молба да ве ослободат од плаќање на некои или сите од следните даночни обврски:

    • данок на приход
    • данок на дополнителни бенефиции
    • рати на исплата на данок на дополнителни бенефиции
    • рати на исплата на данок според системот 'Плати како што добиваш'
    • некои од паричните казни и наплати во врска со истите.

    Поединечните даночни обврзници и даночните обврзници кои раководат со бизнис како лица кои самостојно се занимаваат со стопанска дејност може да поднесат молба за ослободување од плаќање, додека субјектите како што се компании, трустови и партнерства не можат да го направат тоа.

    Ако имате сериозни тешкотии, контактирајте не на 13 11 42 меѓу 8.00 ч. наутро и 6.00 ч. попладне, од понеделник до петок.

    Ако не го зборувате англискиот јазик добро и ви треба помош од Даночната управа, обидете се во Службата за писмено и усмено преведување на 13 14 50.

    Повеќе информации

    Ако сакате да разговарате за вашиот даночен долг или неисплатени влогови во пензиски фонд, контактирајте не на 13 11 42.

    Ако не го зборувате англискиот јазик добро и ви треба помош од Даночната управа, обидете се во Службата за писмено и усмено преведување на 13 14 50.

    Ако сте глуви или имате оштетен слух или говор, телефонирајте во Даночната управа преку Национална телефонска служба за лица со оштетен слух или говор (National Relay Service - NRS) на броевите кои се наведени подолу:

    • За корисници на телепринтер (TTY), телефонирајте на 13 36 77 и побарајте го бројот од Даночната управа кој ви е потребен
    • За корисници со оштетен говор ('Speak and Listen' (поврзување преку говор)), телефонирајте на 1300 555 727 и побарајте го бројот од Даночната управа кој ви е потребен
    • За корисници кои се поврзуваат преку Интернет (Internet relay), приклучете се на NRS-службата на Интернет страните www.relayservice.com.au и побарајте го бројот од Даночната управа кој ви е потребен.

    Погледнете го нашиот водич на Интернет, Како да го контролирате вашиот даночен долг (Managing your tax debt) на www.ato.gov.au/debt за повеќе информации на англиски јазик за нашиот пристап за наплаќање на даночни долгови и можностите кои им стојат на располагање на даночните обврзници како да ги контролираат даночните долгови.

      Last modified: 15 Mar 2010QC 24028