Taxpayers' charter - what you need to know in Macedonian
Правилник за даночните обврзници
Што треба да знаете
Предговор
Австралискиот даночен и пензиски систем се општествена сопственост и сите ние се грижиме за нивното одржување. Овие системи се темел на начинот на живеење што го имаме во Австралија
Граѓаните на ова општество придонесуваат со тоа што ги исполнуваат своите одговорности според законот, вклучувајќи ја и можноста да добијат парична помош што може да им следи. Како спроведувачи на даночните закони, нашата улога е да ја градиме довербата на граѓаните во овие системи што ги поттикнува луѓето исправно да постапуваат.
За да ја негуваме таа доверба, треба да воспоставиме врски со заедницата засновани на взаемна доверба и почит. Таа врска ја одржуваме со тоа што:
- сме отворени, транспарентни и одговараме за нашето работење со заедницата
- сме професионални, услужливи и фер, уважувајќи ги различните ситуации на луѓето и нивниот претходен однос кон придржувањето кон обврските
- се трудиме да направиме да биде што е можно полесно луѓето да се придржуваат кон нивните обврски
- да ги поддржиме оние кои што сакаат прописно да учествуваат во овие системи
- да бидеме одлучни со оние што се обидуваат да ги избегнат своите обврски и ефикасни во напорите да ги повикаме на одговорност
Правилникот за даночни обврзници (Правилникот) објаснува што можете да очекувате од нас при спроведувањето на овие цели кои се обврзуваме да ги следиме во деловните односи со вас
Началник на Даночната управа
Вовед
Правилникот е за секој што има деловни односи со нас во врска со данокот, пензиското осигурување, акцизи и други закони што ние ги спроведуваме
Го означува начинот на кој што се однесуваме кога работиме со вас. Ќе ви помогне да разберете:
- што можете да очекувате од нас
- вашите права и обврски
- што можете да направите ако не сте задоволни.
РАЗУМЕН И ФЕР ТРЕТМАН
Ние ќе:
- ве третираме учтиво, љубезно и со почит
- се однесуваме со интегритет и чесно
- ќе бидеме непристрасни
- ја почитуваме и ќе ја уважиме културолошката разноликост на австалиското општество
- донесуваме фер и рамноправни одлуки во согласност со законот
- ги решаваме вашите поплаки, проблеми или жалби фер и најбрзо што можеме.
ДОНЕСУВАЊЕ ФЕР И РАМНОПРАВНИ ОДЛУКИ
Законот го спроведуваме доследно кога донесуваме одлуки за вашите предмети.
Меѓутоа, ве сослушуваме и вас и ќе ги земеме предвид вашите околности ако се тие важни за одлуката и ако ни дозволува законот.

За повеќе информации, посетете ја веб страната на www.ato.gov.au и барајте 'Ве третираме фер и разумно' ('Treating you fairly and reasonably').
End of further information
ЌЕ ДОБИЕТЕ ТРЕТМАН КАКО ДА СТЕ ЧЕСНИ ОСВЕН АКО НЕ СЕ ОДНЕСУВАТЕ СПРОТИВНО НА ТОА
Претпоставуваме дека ни ја кажувате вистината и дека информациите што ни ги давате се комплетни и точни освен ако имаме причина да го мислиме спротивното.
Општо земено, ги подготвувате информациите што ви се потребни за да го побарате тоа што ви следува и да ги исполните вашите обврски. Врз основа на овие информации, ќе треба или да платите или да ви биде исплатено.
Разбираме дека луѓето понекогаш прават грешки. Правиме разлика меѓу гршки и намерни постапки. Ако згрешите, ви даваме можност да објасните. Ќе ве сослушаме и ќе го земеме предвид вашето објаснување.
Ние имаме одговорност пред граѓаните на ова оштество да се увериме дека секој се придржува кон законите што ние ги спроведуваме. Овие закони ни даваат одредени периоди за ревизија на информациите што сте ни ги дале. Ревизијата на вашите информации не значи дека мислиме дека сте нечесни, но ако најдеме недоследности, ќе преземеме акција.

За повеќе информации, посете ја нашата веб страна на www.ato.gov.au и побарајте 'Ве третираме како чесни' ('Treating you as being honest')
End of further information
ПОНУДА НА СТРУЧНА УСЛУГА И ПОМОШ
- За да го оствариме тоа ние:
- Ви помагаме да ги разберете вашите права и тоа што ви следува во нашите деловни односи со вас
- Ви ги даваме нашите имиња

Само во одредени околности - кога е во прашање безбедноста - може да се идентификуваме на друг начин. Во многу случаи се претставуваме кажувајќи го нашето име. Меѓутоа, кога ние иницираме контакт со вас - на пример да провериме некои податоци што сте ни ги дале - или ако вие конкретно го побарате тоа, го даваме и името и презимето.
End of attention
- Ви даваме податоци за контакт за да можете да побарате повеќе информации ако ви треба, но ако имате посложени прашања, ќе ве поврземе со некој што може да ви помогне.
- Ќе ви се јавиме тогаш кога сме рекле дека ќе го сториме тоа, но ако не можеме да ви помогнеме веднаш, ќе ги побараме вашите податоци за контакт и ќе ви се јавиме што е можно побрзо
- Се трудиме на време да ви одговориме на вашите прашања и барања
- се извиниме за нашите грешки и ќе ги поправиме што е можно побрзо
- Се обидуваме да користиме едноставен и јасен јазик за информациите што ги објавуваме и кога зборуваме со вас или кога ви пишуваме
- Ги нудиме некои од нашите информации на други јазци покрај англискиот на нашата веб страна на www.ato.gov.au
- Нудиме совет и информации на начин што ќе ги задоволи вашите потреби кога е тоа можно, вклучувајќи пристап до услугите како Преведувачката служба, Националната релејна служба (за лица кои се глуви или имаат оштетен слух или говор) и Абориџинскиот и Островјанскиот центар.
ПРИФАЌАМЕ ДЕКА МОЖЕ ДА ВЕ ЗАСТАПУВА ЛИЦЕ ПО ВАШ ИЗБОР И ДА ДОБИЕТЕ СОВЕТ
Можете да добиете помош околу вашите работи и во деловното општење со нас. Може да имате различни лица кои ќе општат со нас за различни работи. Помошта може да биде подготовка на даночни пријави, пријави за деловните активности и приговори против проценките; и може да добиете совет за вашите прашања
Мора да ни кажете ако сакате лицето да ве застапува во ваше име или да ги дискутира вашите работи со нас.
Во повеќето ситуации можете да одберете кого сакате за да ви помогне, но законите имаат зацртано кој може да наплаќа за ваквата помош. Општо земено, само регистриран даночен агент или BAS агент (регистриран агент) може да наплаќа за услуги на даночен агент.
Здружението на даночните агенти (The Tax Practitioners Board) е одговорно за регулирање на услугите на даночните агенти.

За повеќе информации, како и за тоа што вклучуваа 'услугите на даночните агенти', посетете ја веб страната на Здружението на даночните агенти (Tax Practitioners Board) на www.tpb.gov.au
Вие и понатаму сте одговорни за точноста на инфорнмациите што ни ги давате, дури и ако некој друг, вклучувајќи и регистриран агент, ви помага да ја подготвите даночната пријава или други даночни документи.
End of attention
ПОЧИТУВАЊЕ НА ВАШАТА ПРИВАТНОСТ
При спроведувањето на законите, ние собираме податоци за вас. Овие информации може да ги добиеме од вас или од други странки. Мораме да ја почитуваме вашата приватност и да ги чуваме вашите информации во доверба.
Во некои околности, законот ни дозволува да ги откриеме вашите информации на други странки за конкретни намени.
Ако мислите дека вашата приватност или доверливоста на вашите даночни информации е прекршена заради нашите постапки, вашиот прв чекор треба да биде да го решите тоа со даночниот службеник со кој што сте работеле (или јавете се на бројот што ви е даден)
Ако не сте задоволни, разговарајте со раководителот на даночниот службеник. Ако и понатаму не сте задоволни, можете да се пожалите (видете во 'Почитување на вашето право да се жалите' на страна 12)
НАЧАЛНИК ЗА ПРИВАТНОСТ
Ако не сте задоволни од начинот на кој што сме ја проследиле вашата жалба, Началникот за приватност можеби ќе може да ви помогне. Повеќе информации за Началникот за приватност може да се најдат на нивната веб страна на www.oaic.gov.au или можете да се јавите на телефон 1300 363 992.

За повеќе информации, посетете ја веб страницата на www.ato.gov.au и побарајте 'Почитување на вашата приватност и доверливост' ('Respecting your privacy and confidentiality').
End of further information
ДОВЕРЛИВО ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ШТО ГИ ИМАМЕ ЗА ВАС
Законите за данок имаат одредби за користење и откривање на вашите информации
Ние можеме само да ги разгледаме, дискутираме или откриеме информациите за вас кога е тоа потребен дел од нашата работа или кога законот вели дека можеме. Најчести причини за откривање на вашите информации се да провериме дали се квалификувате за државна парична помош и за спроведување на законот.
Ако ни се јавите за да дискутиреаме за вашите работи, мора да имате доказ за вашиот идентитет. На овој начин ќе се увериме дека вашите информации ви се даваат само вам или на некој кој што ќе покаже дека е овластен да дејствува во ваше име. На пример, ако ни се јавите по телефон, можете да го докажете вашиот идентитет ако го дадете вашиот датум на раѓање, адреса (што претходно сте ни ја доставиле) и детали од известувањето за проценка на данокот што претходно ви го има испратено Даночната управа (АТО). Други информации исто така можат да се употребат како доказ, во зависност од вашата ситуација.

За повеќе инфорамции, посетете ја веб страницата на www.ato.gov.au и побарајте 'Почитување на вашата приватност' ('Respecting your privacy and confidentiality')
End of further information
ВИ ДАВАМЕ ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ ШТО ГИ ИМАМЕ ЗА ВАС
Законот за слобода на информациите1982 ви дава право да добиете пристап до податоци за вас во документи што ги поседуваме. Можете, исто така, да добиете пристап до документи што ни помагаат да донесеме одлуки, како јавни судки одлуки, процедури и правилници на Даночната управа.
Имате, исто така, право да побарате да ви ги промениме личните податоци што ги поседуваме за вас ако сметате дека податоците не се комплетни, не се точни, се застарени или може да наведат на погрешно мислење.
Може да одбиеме да ви дадеме пристап до документи затоа што тие се изземени документи - на пример, каде што може реално да се очекува откривањето да доведе до предрасуди при истрага или при адекватно спроведување на законот.
Цената на барањата според слобода на информациите е одредена со закон.
Ако сакате да видите некои од нашите документи, треба прво нам да ни се обратите. Ние можеме да ви дадеме копии од некои од најчесто бараните документи без да треба да поднесете барање за слобода на информациите. На пример, можеме бесплатно да ви дадеме копии од кој и да е од вашите неодамнешни известувања за проценка на данокот. Можеме, исто така, да ви дадеме копии од вашите неодамнешни даночни пријави, иако може да има мала наплата за нив.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Пристап до податоците според Законот за слобода на информациите' ('Accessing information under the Freedom of Information Act').
End of further information
КАКО ВИ ПОМАГАМЕ ТОЧНО ДА ГИ НАПРАВИТЕ РАБОТИТЕ
Целта ни е да обезбедиме точни, доследни и јасни информации за да ви помогнат да ги разберете вашите права и тоа што ви следува и да ги исполните вашите обврски.
Доменот на нашите информации е од објавени информации за тоа како се применува законот генерално, до лични совети за вас за тоа како се применува законот во вашата ситуација.
Ако мислите дека нашите објавени информации не ги покриваат сосема вашите околности или не сте сигурни како тие се применуваат во вашиот случај, обратете ни се и ние ќе ви помогнеме да разберете што е најсоодветно за вашите потреби.
АКО НАШИТЕ ПОДАТОЦИ НЕ СЕ ТОЧНИ ИЛИ МОЖЕ ДА НАВЕДАТ НА ПОГРЕШНО МИСЛЕЊЕ
Ако ја следите нашата информација и произлезе дека не е точна или неведува на погрешно мислење и како резултат на тоа направивте грешка, ќе го земеме тоа во предвид кога ќе решаваме каква акција ние или вие треба да преземете, ако воопшто име потреба од акција.
КАКО ДА ДОЈДЕТЕ ДО НАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Информации можете да добиете на нашата веб страница www.ato.gov.au или побарајте копии од нашите публикации да ви се испратат дома. Можете, исто така, да ни напишете или да разговарате со нас по телефон или лично.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Како ви помагаме точно да ги направите работите' ('Helping you to get things right').
End of further information
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ОДЛУКИТЕ ШТО ГИ ДОНСУВАМЕ ВО ВРСКА СО ВАС
Кога ви даваме одлука во врска со вашите работи, ви ја објаснуваме таа одлука. Исто така, ви даваме телефонски број на лицето или секторот од Даночната управа што го води вашиот случај. Се обидуваме јасно да ги објасниме нашите одлуки. Меѓутоа, ако имате прашања или сметате дека сме направиле грешка, или не сме имале доволна причина за нашата одлука, јавете ни се на бројот што сме ви го дале.
Општо земено, нашата одлука ја објаснуваме на писмено. Ако ви ја пренесеме нашата одлука усмено, ќе ви го дадеме истовремено и обајснувањето. Во некои ретки случаи, нема да можеме да ја објаснеме до крај нашата одлука, иако, и покрај тоа, ќе ви дадеме што е можно повеќе информации. На пример:
- ако има и друго лице кое е вовлечено, ослободувањето информации околу одлуката може да ја узурпира нивната приватност или прописите за тајност во даночните закони
- ако се сомневаме дека има проневера, може да не ги дадеме информациите затоа што може да ги загрози нашите истарги.

Според Законот за извршни одлуки (Правосудна ревизија) 1977, имате право да добиете бесплатен извештај на писмено каде што се наведуваат причините за некои од одлуките што ги донесуваме во врска со вашите даночни работи. Законот не ги покрива сите одлуки и има некои важни исклучоци - на пример, одлуките за даночни проценки. За повеќе информации во врска со овој закон, посетете ја веб страница www.ato.gov.au и побарајте 'Одговорност и ревизија на одлуките' ('Accountability and Review of Decisions'). Ќе треба да го селектирате квадртачето 'правна датотека' ('legal database') во просторот под пребарувачот.
End of further information
ПОЧИТУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРАВО НА РЕВИЗИЈА
Кога ви даваме одлука во врска со вашиот случај, ви објаснуваме како можете да побарате ревизија на одлуката и ви кажуваме во кој рок можете тоа да го сторите.
Ако има неколку начини за ревизија, ви обајснуваме на кој начин тие се разликуваат. На пример, некои ревизии разгледуваат прашања поврзани со законот, а други проверуваат дали сме го следеле исправниот процес при донесувањето на одлуката.
Ќе се обидеме да ги решиме сите проблеми што е можно побрзо. Ако сме направиле грешка, сакаме да ја поправиме со најмалку трошок и за вас и за нас.
Ако сакате да направиме ревизија на некоја одлука, употребете ги податоците за контакт што ви ги даваме за да се обратите кај лицето или секторот на Даночната служба што го води вашиот случај.
Ревизиите ги водат даночни службеници кои што не ја донеле првобитната одлука.
Во многу случаи, ако не се согласувате со нашата одлука после ревизијата, можете да побарате независна, надворешна ревизија. За одредени одлуки ќе имате избор да поднесете барање за ревизија до Извршниот суд за жалби (Administrative Appeals Tribunal) или до Федералниот суд.

За повеќе информации во врска со вашето право на ревизија, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Право на ревизија' ('Review rights').
End of further information
ОТШТЕТА
Во некои случаи, може да имате право на отштета. Ако сметате дека нашите постапки директно ви предизвикале финансиски губиток, јавете се на телефонската служба за помош во врска со отшети на бесплатниот број 1800 005 172.

За повеќе информации за отштета и во кои случаи тоа може да се добие, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Отштета' ('Compensation').
End of further information
ПОЧИТУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРАВО ДА ПОДНЕСЕТЕ ЖАЛБА
Ако не сте задоволни со нашите одлуки, услуга или постапки, имате право да поднесете жалба.
Ви препорачуваме:
- прво да се обидете да го решите проблемот со службеникот со кој што сте работеле (или да се јавите на бројот што ви бил даден)
- ако не сте задоволни или ако ви е тешко да го покренете прашањето со даночниот службеник, зборувајте со менаџерот на даночниот службеник
- ако не сте задоволни со начинот како се постапува со вашата жалба, јавете се на нашата телефонска линија за жалби на 1800 199 010.
Жалба можете, исто така, да поднесете и ако:
- електронски поднесте формулар за жалба на интернет - посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Жалба' ('Complaint')
- ни испратите бесплатен факс на 1800 060 063
- ни напишете писмо на
ATO Complaints
PO Box 1271
ALBURY NSW 2640
Жалбите ги третираме сериозно. Ако ни се обратите со некакви проблеми или жалби, ќе се обидеме да ги решиме брзо и праведно. Жалбите, исто така, ни даваат увид што е важен и ни помага да откриеме како да понудиме подобра услуга.
ОМБУДСМАН НА КОМОНВЕЛТОТ
Ако имате жалба, прво треба да се обидете да ја решите со нас. Ако не можете или ако не сте задоволни со начинот на кој што сме ја разгледале вашата жалба, Омбудсманот на Комонвелтот можеби ќе може да ви помогне.
Повеќе информации за Омбудсманот можат да се најдат на нашата веб страна на www.ombudsman.gov.au или можете да се јавите на 1300 362 072.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна www.ato.gov.au и побарајте 'Жалба' ('Complaint')
End of further information
ПРАВИМЕ ДА ВИ БИДЕ ПОЛЕСНО ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ НА ОБВРСКИТЕ
Се обидуваме да го направиме општењето со нас да биде колку што е можно поедноставно и попрактично со тоа што:
- правиме да ви биде полесно да ги разберете вашите обврски и како да ги исполнете
- правиме да биде поевтино за вас да се придржувате на обврските со тоа што ја намалуваме работата, времето и напорот што треба да се вложат
- создаваме производи и услуги што имаат смисла за вас и што се вклопуваат во системите што ги користите секој ден.
За да го направиме ова ефикасно ние:
- се консултираме редовно со заедницата
- ја вклучуваме заедницата во дизајнот на нашите производи и услуги
- тестираме прототипови на производи и услуги со луѓето кои што ќе ги користат.
ДА СЕ БИДЕ ОДГОВОРЕН
Ние сериозно ја сфаќаме потребата да бидеме одговорни и да се придржуваме на обврските што се зацртани во овој правилник
Кога ќе донесеме одлука во врска со вашите работи, ја објаснуваме таа одлука и ви кажуваме кои се вашите права и обврски во врска со тоа. Исто така ви даваме податоци за контакт во случај да имате некакви прашања или ви требаат повеќе информации.
Ако не можеме брзо да решиме некое прашање, ве информираме како напредува процесот. Ги преземаме сите чекори за да изнајдеме решение за вашето прашање.
Ги објавуваме стандардите на нашите услуги (навременост) и квалитетот на нашето работење според овие стандарди на нашата веб страна на www.ato.gov.au
Ги споделуваме со јавноста деталите за работите со кои се соочуваме и резултатите на нашите постапки.
Се консултираме со заедницата за да го мериме нашиот професионализам и како ги исполнуваме нашите обврски што се зацртани во овој правилник.
Одговорни сме пред Парламентот и австралиското општество.

За повеќе информации во врска со вашите права и обврски, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Првилник' ('Charter').
Ако имате некакви прашања или коментари во врска со овој правилник, можете да ни испратите имејл на charterreview@ato.gov.au
End of further information
Вашите обврски
КАЖУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА
Даночниот и пензискиот систем се базирани на вашето поднесување комплетни и точни информации. Тука спаѓаат:
- поднесување точни информации во вашите даночни пријави, извешти за деловни активности и други документи
- давање на целосните факти и околности кога ќе барате совет
- одговарање на прашањата целосно, точно и чесно.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Ве третираме како да сте чесни' ('Treating you as being honest').
End of further information
ЧУВАЊЕ НА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Законот ги одредува документите што мора да ги чувате.
Доброто чување документација ви овозможува да подготвите точни даночни пријави, извештаи за деловни активности и други документи како и да ви помогне да водите сметка за својата финансиска ситуација. Општо земено, вашата документација мора да биде на англиски и мора да ја чувате пет години.
врска со чувањето документација за разни ситуации. Ако ви требаат повеќе информации, посетете ја нашата веб страна на www.ato.gov.au или јавете ни се.
ПРЕЗЕМЕТЕ ПРАКТИЧНА ГРИЖА
Мора да преземете практична грижа да ни дадете целосни и точни информации во вашите даночни пријави, извештаи за деловни активности и други документи. Ова значи дека треба да преземете толкава грижа колку што едно просечно лице во вашата ситуација би презело за да ги исполне своите обврски.
Вие сте одговорни за вашите работи дури и ако некој друг, вклучувајќи и регистриран даночен агент, ви помага.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна на www.ato.gov.au и побарајте 'Ве третирама како да сте чесни' ('Treating you as being honest').
End of further information
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ВРЕМЕ
Даночните пријави, извештаите за деловни активности и неколку други документи и информации мора да бидат поднесени до одредени датуми. Ако имате тешкотии да се придржите на овие датуми, јавете ни се пред да истече датумот кога документот или информацијата треба да се поднесат. Врз основа на вашата ситуација, можеби ќе можеме да ви дадеме повеќе време за да ги поднесте.
Дури и ако не можете да го платите износот што го должите, сепак треба да ја поднесете даночната пријава или извештајот за деловните активности на време. Можеби ќе можеме да ви дозволиме да добиете повеќе време за да извршите исплата (видете 'Плаќање на време' ('Paying by the due date').
Можно е да има казни ако не поднесте на време.
ПЛАЌАЊЕ НА ВРЕМЕ
Мора да ги платите даноците и другите износи што ги должите до одредениот датум. Ако имате тешкотии да го исполните тоа, јавете ни се што е можно порано - најдобро пред истекот на датумот - за да разговараме за вашата ситуација. Можеби ќе можеме да ви дадеме повеќе време за да платите без да ви наплатиме камата или да се договориме да плаќате на рати. Ако навистина направиме таков договор, обично ќе треба да плаќате камата на задоцнето плаќање.
ДА СОРАБОТУВАТЕ
Претпочитаме заеднички да соработуваме со вас, да ви понудиме помош за да ги исполните вашите обврски доброволно. Меѓутоа, ако не соработувате или го попречувте процесот, може да теба да преземеме поцврста акција. На пример, имаме моќ што ја користиме формално да ги видиме и да ги земеме информациите ако е тоа потебно. Лицата кои што не соработуваат може дури и да бидат тужени на суд.
Бараме и вие да не третирате со истата учтивост, љубезност и почит што се очекува ние да ја покажеме кон вас. Ако бидеме изложени на грубо и навредливо однесување, може да го прекинеме интервјуто или телефеонскиот разговор.

За повеќе информации за вашите права и обврски, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Правилник' ('Charter').
End of further information
За повеќе информации за вашите права и обврски, посетете ја нашата веб страница на www.ato.gov.au и побарајте 'Правилник' ('Charter').
Ако имате некакви прашања или коментари во врска со овој правилник, можете да ни пратите имејл на charterreview@ato.gov.au
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
Нудиме разни информации во врска со данокот и пензиското осигурување. Можете да:
- ја посетите нашата веб страница на www.ato.gov.au
- да се јавите на телефонските линии за само-помош (24 часа во денот, 7 дена во неделата)
- само-помош за поединци 13 28 65
- само-помош за бизниси 13 72 26
- употребете го бројот наведен подолу (8.00 - 18.00 часот, од понеделник до петок) ако сакате да разговарате со нас
- лично 13 28 61
- Бизнис 13 28 66
- Пензиско осигурување 13 10 20
- Грантови за гориво 1300 657 162
- Центар за Абориџини и Островјани 13 10 30
Ако не зборувате англиски добро и во треба нашата помош, јавете се во Телефонската преведувачка служба на 13 14 50
Ако сте глуви или имате оштетен слух или говор, јавете се преку Нациноалната релејна служба (National Relay Service - NRS) на броевите наведени подолу
- Корисниците на TTY , јавете се на 13 36 77 и побарајте го бројот од Даночната служба што вам ви треба
- Корисниците на Зборувајте и слушајте (говор-на-говор релеј), јавете се на 1300 555 727 и побарајте го бројот од Даночната служба што вам ви треба
- корисниците на интернетскиот релеј, поврзете се со NRS на www.relayservice.com.au и побарајте го бројот од Даночната служба што вам ви треба.

Разговорите од домашни телефони на броевите што почнуваат со 13/1300 од секаде во Австралија се наплаќаат по фиксна цена. Таа цена може да е различна од цената на локалните разговори, а може, исто така, да се разликува од една до друга телефонска компанија. Разговорите од домашните телефони на броевите што почнуваат со1800 се бесплатни. Времетраењето на разговорите од јавна телефонска говорница и мобилни телефони може да биде мерено и да биде наплатено по повисока цена.
End of attention