• Attention

    Warning:

    This information may not apply to the current year. Check the content carefully to ensure it is applicable to your circumstances.

    End of attention

    Општа реформа на законите што се однесуваат на парови од ист пол

    Од 1 јули 2009 г. сите парови и семејства имаат исти права и обврски во однос на оданочувањето, без оглед на полот. Тоа значи дека:

    • Паровите од ист пол сега можат да ги добијат истите даночни попусти што им стојат на располагање на венчаните и невенчаните парови од различен пол.
    • Износот на данок на приход што луѓето треба да го платат може да зависи од тоа дали живеат или живееле со партнер или не (венчан или невенчан партнер, вклучувајќи ги и паровите од ист пол) или од тоа дали имаат зависни деца или роднини.

    Ова ќе ги промени информациите што ќе ги доставите во вашите даночни пријави за 2009-10 година и во вашите идни даночни пријави.

    Тоа може да влијае на износот на данок на приход што луѓето треба да го платат. Тука спаѓа и доплатата за Medicare (Medicare levy) и дополнителната доплата за Medicare (Medicare levy surcharge). Тоа може исто така да влијае и на даночните олеснувања, вклучувајќи ги

    • враќањето на данокот за образование,
    • даночното олеснување за зависен брачен другар,
    • даночните олеснувања за зависно дете и за дете што се грижи за домаќинството,
    • даночното олеснување за зависен родител,
    • даночното олеснување за постарите Австралијци,
    • даночното олеснување за воени лица во земјата или во странство,
    • даночното олеснување за пензионери,
    • даночното олеснување за медицински трошоци.

    За повеќе информации за другите промени во државните агенции посетете го ag.gov.au/samesexreform или ato.gov.au. Телефонирајте ни на 13 28 61.

    Ако не зборувате добро англиски јазик а ви е потребна помош од Даночната Управа, телефонирајте во Преведувачката служба на 13 14 50.

    Ако сте глуви, или ако имате оштетен слух или говор, телефонирајте во Даночната Управа преку Националната служба за поврзување (National Relay Service - NRS) на броевите што се наведени подолу, и побарајте го оној број на Даночната Управа што ви е потребен:

    • Корисниците на машини за пишување по телефон (TTY) треба да телефонираат на 13 36 77
    • Корисниците на службата Speak and Listen (говорно поврзување) треба да телефонираат на 1300 555 727
    • Корисниците на поврзување преку интернет треба да се поврзат со Националната служба за поврзување на relayservice.com.au
      Last modified: 01 Jun 2010QC 24093